| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не му верувал дека тоа ќе го направи: Маж се ожени сам со себе и замина на меден месец

Италијанецот Нело Руџиеро е човекот што се ожени сам со себе. Тој неодамна се врати од својот меден месец во Египет. Ова е прв сингл-брак во историјата на човештвото.

Додека бил гостин во една емисија Руџиеро објаснил зошто се одлучил на овој несекојдневен подвиг.

– Никого не сакам повеќе од себе – изјавил Нело.

Ваквата идеја му дошла случајно. Тој има четворица браќа и сите се оженети. Неговото семејство му правело притисок за да се ожени и тој. И го сторил тоа.

Неколку телевизиски шоуа биле заинтересирани за неговата венчавка.

– Го направив тоа за своите родители – вели Нело.

Тој објаснува дека сакал да им покаже на родителите дека се грижи за нив, и покрај тоа што не пронашол сродна душа.

Венчавката се одвивала така што младоженецот пристигнал на бел коњ. Гостите мислеле дека тој го прославува својот 40-ти роденден.

Тој вели дека неговите родители многу добро ја прифатиле неговата одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top