| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе нема дилеми, Диего Коста се договори со кинески клуб

diego kosta

Според пишувањата на англиските медиуми, Диего Коста потпиша преддоговор со Тијанџин и кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Кинескиот клуб кој го предводи Канаваро уште во текот на зимата сакаше да го донесе напаѓачот, но тогаш Челси не потклекна пред кинеските милиони.

Повеќе нема дилеми, според договорот, Диего Коста ќе заработува неверојатни 30 милиони евра по сезона, а Челси на име на обештетување ќе добие неверојатни 90 милиони евра.

Антонио Конте со тоа ќе има пари за да ги привлече Ромелу Лукаку од Евертон и Алваро Мората од Реал Мадрид кои треба да го формираат новото напаѓачко дуо за следната сезона.

Но, тоа е само почеток. Челси ќе ја засили одбраната со Ван Дајк, планираат да го доведат и Бакајоко од Монако и веројатно уште еден бек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top