| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР предупредува: Следуваат два особено лоши денови

Во текот на денешниот и утрешниот ден нѐ очекува особено лоша биометеоролшка состојба, која ќе биде најизразена кај метеопатите, предупредува денеска Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Преку денот биометеоролошките услови ќе бидат особено лоши. Во утринските часови се очекува честа појава на главоболка, болки во колената, на грбот и на вратот. Во текот на попладнето, пак, се очекува општа слабост, а кај некои метеопати и чувство на тежина на главата. Болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени, ќе се подолготрајни.

Слични биометеоролошки услови нѐ очекуваат и утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top