| четврток, 6 декември 2018 |

Познато што се случува со кралското семејство

Принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, оваа есен ќе се повлече од кралските обврски.

Одлуката е донесена лично од принцот Филип и за тоа има поддршка од кралицата, изјави портпарол на Бакингемската палата.

princ-filip-640x294

Персоналот на британската кралица Елизабета Втора денеска свика состанок на персоналот на кралското семејство ширум земјата.

Околу палатата, која е резиденција на британската кралица во Лондон, утринава се собраа голем број на медиуми, по новинскиот напис дека „нешто невообичаено се случува во палатата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top