| четврток, 6 декември 2018 |

„Службен весник“ ќе ја објави одлуката за претседател на Собранието следната недела

ЈП „Службен весник на Република Македонија“ денеска соопшти дека е доставено барање за објавување на одлуката за избор на претседател на Собранието и дека таа ќе биде објавена во почетокот на наредната недела во првиот број на „Службен весник“.

„Во согласност со позитивните законски прописи во однос на поднесеното барање, одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде објавена во првиот нареден број на ‘Службен весник на РМ’ во почетокот на наредната недела“, стои во соопштението од јавното претпријатие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top