| четврток, 6 декември 2018 |

Реакции по последната ТВ дебата на француските претседателски кандидати

Историјата на телевизиските дуели меѓу двата круга на претседателските избори во Франција, не бележи толку жестока и полна со навреди дебата меѓу двајцата кандидати за претседател.

Според испитувањето на РТЛ, 60 отсто од Французите, кои ја следеле дебата, оцениле дека Емануел Макрон бил поубедлив од неговата противкандидатка Марин Ле Пен.

– Синоќа конфронтацијата меѓу Макрон и Ле Пен се претвори во дијалог на глуви. Во невозможен дијалог, имајќи предвид дека позициите на двајцата кандидати се покажаа целосно непомирливи во текот на дебата. Нешто невидено за крајот на и така не многу нормалната кампања. Никогаш чуено, забележува „Фигаро“.

Весникот оценува дека можеме да се ​​запрашаме дали поранешниот француски претседател Жак Ширак беше во право кога во 2002 година одби да излезе на дуел со неговиот противкандидат од екстремната десница Жан-Мари Ле Пен, кој е татко на сегашната кандидатка за претседател на Франција.

Според аналитичарите, синоќешната дебата во најмала мерка и овозможи на екстремната десница да ја промовира својата концепција во еден од најударните термини на телевизијата.

Од самиот почеток и за помалку од една минута, Ле Пен ја изрецитира серијата на зборови со кои го нападне својот противник: „дивјак на глобализацијата, убер-изацијата, социјалната бруталност и економската пустош“, „растурање на Франција“, „сето тоа раководено од (актуелниот претседател) Франсоа Оланд”.

Со ова беа поставени основите на дебатата што траеше два и пол часа, при што во ниту еден момент дискусијата не беше темелна на никоја тема.

Макрон често изгледаше збунет, не знаејќи од каде да почне. Соочена со поранешниот министер за економија, Ле Пен пред неа имаше бројни графикони и табели, при што изнесе многу неточни податоции и тврдења, кои беа испправани од страна на нејзиниот противник. Тој се обиде да ја објасни неговата програма меѓу навредите. – Имам сериозна програма, јас не правам непромислени скокови, порача Макрон.

Многу навредливо и нападно, оставајќи чувство дека сака да го задуши Макрон, Ле Пен ги множеше нападите. Таа го обвини Макрон дека е близок до компанијата за произвидство на лекови „Серви“, посочувајќи дека тој е „заложник на лобијата“. Ле Пен изјави и дека прашањата за тероризмот и безбедноста „целосно отсутвуваат“ од програмата на нејзиниот противкандидат.

Во позиција на „предизвикувач“ во оваа дебата, имајќи пред вид дека заостанува во анкетите, Ле Пен се реши жестоко да го нападне Макрон, не дозволувајќи „му да дише“ и опсипувајќи го со критики дека е одговорен за проблемите од петте години на мандатот на Оланд.

Ваквите провокации често го вознемируваа Макрон. – Не лажете, повторно, апелираше Макрон во многу прилики, понекогаш напуштајќи ја својата смиреност и добродушност, кои го красе во текот на кампањата.

– „Ова е глупост“, „да се кажат валви глупави работи“, „голема лага“, „не сте кандидат на интуитивен ум“, „она што го нудите е змиско масло“, одговараше Макрон на обвинувањата на Ле Пен.

Во обид да го „извади од колосек“ и да го изнервира својот ривал, Ле Пен забораваше да ги дообјасни своите предлози, како оној за двојната валута и откажувањето од еврото.

– Евентуалниот ваш избор, ќе биде излегување од осторијата. Земјата не е важна за вас, вие немате програма за неа. Вие сте копродукција на системот кон кој покажувате со прст. Вие сте негов паразит, рече Макрон.

Аналитичарите оценија дека дебатата била „дијалог на глуви“, кој сибурно нема да ги привлече оние кои не се подготвени да гласаат за некој од двата кандидати.

Ова чувство на одбивност кон двајцата канидати е јасно изразена преку онлајн гласањето на членството на екстремно левичарското движење Бунтовна Франција на Жан-Лук Mеланшон.

Две третини од учесниците во анкетата изјавиле дека нема да гласаат или ќе уфрлат празно ливче на изборите в недела.

Од своја страна, Mеланшон и натаму одбива да каже дали ќе гласа за Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top