| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама двапати ја запросил жената со која ја изневерувал Мишел

Шејла Мијоши Џегер можеше да биде прва дама на САД и да го носи презимето Обама ако речеше „да“ за брак пред неколку децении. И тоа не еднаш туку двапати.

Џегер се забавувала со Обама пред тој да ја запознае Мишел, а врската продолжила и во првата година откако тој почнал да се забавува со својата денешна сопруга.

Овие информации се откриваат во книгата „Ѕвезда во подем“ на Дејвид Џ. Героу.

barak

Обама и Џегер биле лудо вљубени во 80-тите и живееле заедно во Чикаго.

Првпат ја запросил во 1986 година додека биле на гости кај нејзините родители, но тие одбиле бидејќи сметале дека ќерка им е премлада да се омажи. Џегер тогаш имал 23, а Обама 25 години.

Двајцата останале заедно, но Џегер со тек на време почнала да согледува дека нејзинот момче се сменило и дека во него е длабоко всадена потребата да биде сакан и да му се одушевуваат. Станал многу поамбициозен.

-Се сеќавам кога се случи таа промена, беше во 1987 година и тогаш веќе имаше замисла да стане претседател – вели Џегер.

Обама сметал дека мора да биде вистински Афроамериканец за да ги исполни своите политички амбиции, а со оглед на тоа дека бил во врска со бела жена, се сметало дека тоа може да му наштети во намерите. Тогаш нивната врска била под притисок.

Кога бил при крај со студиите по право на Харвард, врската веќе била „на стаклени нозе“, но Обама не бил подготвен да се откаже од љубовта. Тогаш повторно ја запросил и ја замолил да му се придружи на Харвард. Таа пак го одбила бидејќи сметала дека тоа го прави од очај. Потоа раскинале.

Во меѓувреме веќе ја имал запознаено Мишел и почнале да се забавуваат, а Обама паралелно се гледал и со Џегер, која одвреме-навреме доаѓала на Харвард.

misel obama

-Секогаш се чувствував лошо поради тоа – му признала Џегер на авторот на книгата.

Џегер и Обама дефинитивно престанале да се гледаат во 1992 година, истата година кога Обама и Мишел се венчале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top