Нема зголемување на даноците, туку само укинување на антикризната мерка и враќање на старите правила. УЈП објаснува дека намалувањето на прагот за регистрирање за ДДВ обврзници значи враќање на состојбата од пред почетокот на глобалната криза. Од стартот на кризата прагот за даночење изнеусваше 2 милиони денари. Сега повотрно се враќа на милион. Ваквата одлуката е донесена да се обезбедат фер услови за сите и да се намали нелојалната конкуренција, објави Сител.
Со новото решение лицата со остварени приходи поголеми од 16 илјади евра или 1 милион денари автоматски се оданочуваат. Според експертите со ваквата измена голем број физички лица кои претходно не биле сега ќе станат ДДВ обврзници со тоа значително ќе се зголеми бројот на лица кои ќе имаат обврски кон државата. Тука ќе влезат и они кои остваруваат приходи од издавање на простор, станови…
За дел од експертите ваквата промена се прави за да се полни буџетот.
ОД УЈП потенцираа дека се работи и на систем кои ќе ги растовари граѓаните од обврската да однесуваат годишна даночна пријава за остварените дополни приходи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


