Француското обвинителство денес повикало на „многу голема парична казна” во случајот на шесте лица на кои во Франција им се суди поради објавување на фотографии од британската принцеза Кејт од 2012. година.
Британскиот пар побарал оштета во висина од 1,5 милиони евра поради спорните фотографии, пренесува AFP, повикувајќи се на нивните адвокати.
нимките биле направени од далеку додека Кејт и Вилијам биле на одмор на југот на Франција, а ги објавиле француските списанија “Closer” и “Provance” во 2012. година.
Кејт и Вилијам биле снимени додека се одмарале во замокот на виконтот Дејвид Линли, син на принцезата Маргарет, покојната сестра на британската кралица Елизабета Втора.
На една од најинтимните фотографии, кои во Британија не биле објавени, но предизвикале бура од негодувања, се гледа војвотката од Кембриџ топлес, додека сопругот Вилијам и нанесува крема за сончање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст