| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел бара 100 милијарди евра од Лондон за да ја напушти ЕУ

Велика Британија нема да плати 100 милијарди евра за „разводот“ од Европската унија, изјави министерот за Брегзит, Давид Дејвис, коментирајќи ги медиумските наводи дека Брисел бара огромна сума за напуштањето на Британија.

-Едно време беа 50 милијарди, 60 милијарди, 100 милијарди, немаме видено бројка. Рековме дека ќе ги исполниме нашите меѓународни обврски. Тоа се нашите обврски, вклучувајќи ги приходите и разходите, тоа ќе бидат тие кои се во согласност со законот, а не со тие што Комисијата ги сака“, вели Дејвис. Фајненшл тајмс, денеска, објави дека сумата која Лондон ќе треба да ја плати нагло пораснала од 60 милијарди на 100 милијарди а своите калкулации ги базира на нови информации кои пристигаат од Европа.

Брисел ги отфрла обвинувањата дека му се одмаздува на Лондон за излегувањето од Унијата.

-Некои велат дека станува збор за казна. Нема врска со казна или одмазда. Едноставно, кога се разведувате, не излегувате од вашиот брак велејќи, „партнерот ќе го преземе целиот товар, чао“. Тоа не оди така“, вели координаторот на ЕУ за Брегзит, Гај Верхофштад.

Подмирувањето на финансиските обрски на Лондон кон Унијата е најчуствителната тема од целиот процес на Брегзит. Неофицијални извори велат дека Брисел на прашањето за финансиската компензација гледа како на предуслов за отварањето преговори за нов трговски договор со Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top