| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична против четирите момчиња од Арачиново кои претепаа момче од Визбегово

Кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ е поднесена против тројца 15-годишни момчиња и едно 14-годишно момче од скопското село Арачиново.

Тие се осомничени дека на 29 септември минатата година околу 12 часот во населбата Автокоманда физички нападнале 17-годишно момче од селото Визбегово. Го удирале со раце и нозе по телото и главата, при што му нанеле тешка телесна повреда, а предизвикале чувство на страв и несигурност кај 15 – годишно момче од Визбегово и други учесници кои исплашени за нивната сигурност побегнале од местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top