Поранешната новинарка која важеше за блиска до СДСМ, учесник во протестите на Шарената револуција, Јорданка Ивановска-Јоци, денеска на својот профил на „Фејсбук“ го искажа својот револт од поставувањето на албанско знаме во претседателскиот кабинет на македонското Собрание.
„Талат Џафери влезе во кабинетот на Претседателот на Собранието.
И на маса го стави прво албанското знаме.
Заев, ти и твоите за ова се борите цело време? Нели рече дека уставниот поредок ќе се почитува и македонските симболи ?
Ова е за тебе “бољи живот”, провокации и уривање на соживот со туѓи знамиња ?
Пошто јас не гласав за албанско знаме во законодавниот дом и за пеење на албанска химна. А, и многу други “шарени”.
Ти можеш и влада да направиш во парк или кај тебе дома, али само месец-два ќе ти трае. Тоа од авион се гледа. На следни избори, локални, еден голем шипак ќе добиеш“, напиша Јоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.