| четврток, 6 декември 2018 |

Детали од телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп

putin-tramp
Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп разговараа вечерва по телефон, а главна тема беше координација на активностите меѓу двете земји во борбата против тероризмот во контекст на сириската криза, соопшти Кремљ.
Тие се согласија за интензивирање на дијалогот меѓу министрите за надворешни работи на двете земји заради зајакнување на примирјето во Сирија, пренесе ТАСС.

Претседателите на Русија и САД се изјаснија за организирање на лична средба на маргините на состанокот на високо ниво на Г-20 во Хамбург, се додава во соопштението на Кремљ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top