| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновска: Три години живееме под туторство на државните удари на Верушевски, СДСМ и Заев

Ние овие три години практично живееме под туторство на државните удари на Верушевски, СДСМ, на Зоран Заев со Тиранската платформа, и со обележување и печат на Тиранската платформа која е заверена во Албанија, а потврдена во Косово, изјави поранешната пратеничка и актуелен претседател на Комисијата за односи со верски заедници, Валентина Божиновска во вестите на „Телевизија Нова“.

Додаде дека тоа сценарио како во Собранието било најсовршено, и ниту еден режисер не би го размислил.

-Тие имаа сценарио кое ќе го повикаат во 14 часот, а немаат претседател на Собрание којшто ќе може да ја прекине седницата и да закаже нова точка, затоа што,  тоа е спротивно на Деловникот, и нормално спротивно на Уставот. Додека надвор мноштвото на народот кој протестира на улиците низ Македонија веќе е запалено од реториката на СДСМ катадневно да вика дека тоа се политички платеници, пијаници и се што е погрдно само затоа што се патриоти и си ја сакаат државата, истакна Божиновска.

Смета дека повикот на СДСМ од Зоран Заев и Петре Шилегов дека ќе има брзо Собрание со нов претседател ја вжештило масата која нормално тргна од патриотски и родољубиви причини да си ја брани државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top