| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Процедурите не се должни да ги штитат луѓе кои не се дел од Собранието

Пратеникот Антонијо Милошоски, запрашан што за него значи поддршката на САД и ЕУ за Талат Џафери, изјави дека процедурите во Собранието не се должни да ги штитат луѓе кои не се дел од Собранието.

Милошоски во изјава за новинарите пред Законодавниот дом истакна и дека стабилна РМ значи стабилни политичари и политички партии кои ќе го почитуваат Уставот и законите. За наредните чекори, рече дека ќе известат по координација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top