| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши пријавувањето на штетите од мразот во Штип

Вкупно 445 барања за обесштетување доставиле земјоделците од Штип чии лозови и овошни насади беа зафатени од пролетниот мраз.

Како што соопшти портпаролот на Општината Драган Ристов, рокот за пријавување на штетите заврши денеска, во 14 часот.

– Најголем дел од барањата доставени до општинската комисија за проценки на штети, се однесуваат на лозови и овошни насади, а само едно е за пчелно семејство. По примен допис од Министерството за земјоделство и во консултации од соседни општини, најверојатно Општина Штип ќе има само обврска да ги извести сите баратели што поднеле пријави за штети, да ги достават и до Министерството за земјоделство. Причината е тоа што само тие имаат формирано комисија за проценка на штети во која има и експерти од областа на лозаро-овошарството, а Општина Штип има свој претставник во нивните комисии, информира Ристов на прес-конференција.

Земјоделците ги пријавуават штетите и во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рокот за пријавување истекува на 10 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top