| четврток, 6 декември 2018 |

Путин со закон забрани чудни имиња на деца

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој ја забрани употребата на цифри, пцости и интерпукциски знаци (освен тире) во детските имиња.

Дозволено е да му се даде на дете двојно презиме составено од презимињата на родителите. Тоа се пишува со тире и не може да има повеќе од два збора.

Причина поради која се носи овој закон е идејата на едни родители кои сакале да го крстат детето БОЧИРВФ – биолошки објект на човек од фамилијата Воронхови и Фролонхови. Поради чудното име детето, и ден-денеска е без никакви документи. Други имиња кои со закон ќе бидат забранети се Делфин, Април, Принцезата Даниела, Океана и сл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top