Третиот голман на Баерн Минхен за пет години бранел на само седум натпревари, а во тој временски период со клубот освоил 13 трофеи, и тоа, пет титули шампион на Германија, три купа, два Суперкупа, една Лига шампиони, еден Суперкуп на Европа и клупско светско првенство.
На Алијанц Арената пристигна во 2012 година од Хофенхајм и освои се што можеше да освои.
Неговото име е Том Старке, има 36 години и е резервен голман на германскиот шампион. Се на се, пет години, седум натпревари, 13 трофеи, успех со кој ретко кој може да се пофали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.