Иако во последнте три години во Албанија се забележува намалување на самоубиствата,сепак оваа појавa останува алармантна.
Ова е костатирано на националната научна конференција „Депресијата и самоубството“ одржана во соработка на повеќе институции.
Според полициската статистика само во текот на минатата година евидентирани се 227 самоубиства и 315 обиди за самоубиство. Од овој фемомен не се поштедени ни припадниците на полицијата.
– Појавата на депресија,но и самоубиства,колку што го погодува албанското општество,ги погодува и вработените во полицијата. Случаите на самоубиство кај полицајците е реалност а тука треба да се има во предвид факотот нагласен во разни студии,дека професијата се подредува во професии од висок ризик,стрес и депресија,бидејќи полицајците се соочуваат со трауми,-изјави на конференцијата генералниот директор на албанската полиција, Хаки Чако.
Главната причина,која кај албанските граѓани доведува да си го одземат животот,е тешката економско- социјалната состојба во семејствата.
На конференцијата донесен е заклучок повиканите институции да подготват стратегија во која ќе бидат зацртани мерки и активности за елимнање на овој феномен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија