Генерално, луѓето родени во текот на летните месеци се многу попозитивни од останатите кога станува збор за датумите на нивното раѓање. Причините за тоа се главно топлото време, одморот и летото.
За тоа дали сте меѓу најсреќните или најдепресивните направено е истражување на 2.000 луѓе и според него, „најсреќниот роденден“ е 28-ми јули. Истражувачите ги прашале луѓето како се чувствуваат за својот роденден и од нивните одговори донеле одредени заклучоци.
Генерално, луѓето родени во текот на летните месеци се далеку попозитивни од другите луѓе.
Критериуми: топло време, најава за плата, лето
Дури 60 проценти од оние кои се родени во јуни се среќни заради својот роденден, 59 проценти во јули и 53 проценти во август. Најсреќниот“ 28-ми јули е избран врз основа на следниве критериуми: тој ден времето е обично сончево, за неколку дена пристигнува платата и лето е.
Сосема очекувано, зимските родендени се најдепресивни, особено оние по 16-ти декември и тоа поради студот и фактот што доаѓаат божиќните празници за кои една третина од испитаниците велат дека целосно им ја засенуваат роденденската прослава.
извор: македонија денес.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.