| четврток, 6 декември 2018 |

Српски „Стандард“: Македонско двовластие – власта на народот против власта на амбасадорот на САД

Конфликтите во Собранието во четвртокот на 27 април се одвиваа по претходно подготвено сценарио, чија реализација се очекувала уште пред две недели, во очи Велигден, и само сплет на околности доведе до негово одложување. Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли уште во вторникот 11 април се сретнал со Зоран Заев. Бејли во просториите на СДСМ стигнал околу 17 часот со своето службено возило, опкружен со телохранители. Во негова придружба биле уште неколку службеници од Американската амбасада

„МАКЕДОНСКО ДВОВЛАСТИЕ: Власта на народот против власта на амбасадориот на САД“. Со ваков наслов, српскиот медиум „Стандард“ ги анализира случувањата во Македонија. „Стандард“ пишува дека Заев со Албанците ќе прогласи формирање на Влада, која ќе биде признаена од Западот, но ВМРО нема да даде пристап до вистинската власт.

Конфликтите во Собранието во четвртокот на 27 април се одвиваа по претходно подготвено сценарио, чија реализација се очекувала уште пред две недели, во очи Велигден, и само сплет на околности доведе до негово одложување. Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли уште во вторникот 11 април се сретнал со Зоран Заев. Бејли во просториите на СДСМ стигнал околу 17 часот со своето службено возило, опкружен со телохранители. Во негова придружба биле уште неколку службеници од Американската амбасада. Во таа прилика со Заев е договорен, поточно аминуван, план на насилно преземање на местото на претседател на Собранието, а потоа и противуставно конституирање на Влада, која би ја спровела на дело „Тиранската платформа“, направена од страна на Еди Рама, пишува „Стандард“.

dvlovas-768x635

Реализацијата на пучот подразбира и претходно прекинување на собраниската расправа и одземање на правото на збор на пријавените пратеници во врска со изборот на членови за формирање „Комисија за избор и именување“, која според Правилникот за работа на Собранието, претставува предуслов за избор на претседател на парламентот.

-На тој начин Заев и неговите албански партнери ја прекинаа седницата на Собранието, која до тогаш според нив имала неповолен тек бидејќи се претворила во разобличување на Тиранската платформа како начин за распаѓање на уставниот поредок на Македонија. Обидот за пуч договорен помеѓу Бејли и Заев, а реализиран во четвртокот со нелегален избор на Талат Џафери за претседател на Собранието претходните недели во своја колумна го најави Љубомир Фрчковски, водечкиот стратег на СДСМ. Тој се залагаше Трајко Вељановски, вистинскиот претседател на Собранието да се „фати за уши“ и да се исфрли од своето место така што на негово место би бил инсталиран Џафери, кој би го променил дневниот ред и така би го одблокирал изборот на Влада на СДСМ со Албанските партии, пишува „Стандард“.

ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА

-Со упадот на граѓаните, кои на протестните маршови ги предводи Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, е спречена реализацијата на втората фаза на преврат, односно противзаконско преземање на Власта со формирање на Влада на СДСМ и албанските партии. Иритирани од пеењето на албанската химна на нелегална седница, протестантите влегоа во Собранието и започнаа физичка пресметка со предавниците. Таква реакција лесно можеше да се предвиди и веројатно Заев и неговите ментори биле подготвени за вакво случување со цел да се претстават како жртви на „диригирано насилство“ и така на наклонетите медиуми им даваат доволно материјал за замена на тезата дека правно и политичко насилство први сториле тие, а затечениот народ импулсивно реагирал на единствениот начин кој им преостана, пишува српскиот медиум.

По нередите во Собранието ситуацијата привремено е смирена, но тоа е само затишје пред продолжување на политичката бура.

-Низ улиците во Скопје има поставени полициски сили кои ја штитат зградата на Собранието, додека околните улици повторно се отворени за сообраќај. Мирните протести на За заедничка Македонија продолжија еден ден после нередите но овојпат пред седиштето на ЕУ, каде инсистираа на барање за нови парламентарни избори, и со истакнати пароли со пораки против политиката на Брисел спрема Македонија. Наспроти нив, преставници на ЕУ, амбасадата на САД, ОБСЕ и НАТО испратија заедничко соопштение во кое го осудија насилството во македонското Собрание. Западните сили недвосмислено заземаа став за поддршка на нелегитимниот избор на Џафери за претседател на Собранието, што на руското министерство за надворешни работи им даде за право да тврдат дека САД и ЕУ се одговорни не само за ескалацијата на кризата во оваа земја туку и со неа да координираат. Моментално единствен легитимен орган на власта во Македонија (бидејќи постоеше техничка Влада) е претседателот Ѓорге Иванов, кој залудно ги повикуваше политичките лидери на партиите по повод новонастанатата ситуација: СДСМ и албанските партии одбија да дојдат на разговор. Двете меѓусебно спротивставени политички опции во Македонија се наоѓаат на крајни непомирливи позиции и ништо не укажува на тоа дека некој ќе отстапи. Водачот на СДСМ Зоран Заев му даде рок од 10 дена на Ѓорге Иванов да му го додели мандатот и најави одлучност на воспоставување „функционални државни институции“. Изнесувајќи го овој ултиматум, Заев додаде и дека очекува од актуелниот претседател на парламентот Трајко Вељановски најдоцна до вторник да ја предаде својата функција на Талат Џафери, потенцирајќи дека неговиот избор веќе го поздравиле „неговите меѓународни партнери од САД и ЕУ и демократските сили ширум светот“, како би се отворил пат кон создавање нова Влада во Македонија, пишува „Стандард“.

ЦЕЛТА НА ЗАПАДНИТЕ ПРИТИСОЦИ Е КАПИТУЛАЦИЈА

Владеачката партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение ги обвини Заев и СДСМ за „политичко и физичко насилство кое нокому не му користи и предупреди дека остварувањето на платформата од Тирана е неповолна за сите. Кршењето на Уставот и парламентарниот протокол истовремено е и директно дискредитирање на државата. Политичкото насилство кое го изведе СДСМ единствено можеше да резултира со физичко насилство. Нелегитимниот обид, СДСМ да го самопрогласи Талат Џафери за квазипретседател на парламентот беше директна провокација на македонскиот народ“. ВМРО ДПМНЕ и понатаму нема намера да се повлече и дозволи да се формира нова Влада која ќе ја спроведе противуставната Тиранска платформа.

Што според ова, може да се очекува во Македонија во наредните денови?

Судејќи според се, непомирливи ставови, заострување на ситуацијата и нови немири. Претседателот Иванов и техничката влада нема да потклекне пред роковите и ултиматумот, кои Западот му ги дава на Заев да му се предаде мандатот и власта. Кога ќе истечат овие рокови, Заев заедно со албанските партии ќе се обиде да го собере собраниското мнозинство и да се самопрогласи за премиер. Ако незадоволните граѓани на  Македонија повторно се обидат физички да ги спречат ќе се повторат немилите сцени кои на Заев ќе му обезбедат од Западот основа за нови осуди за насилство. Сето тоа ќе биде пратено со серија притисоци од западните сили, со користење реторика во која се мешаат закани и апели „за мирно решение“, насочени кон претседателот Иванов и врвот на ВМРО, а се со цел да се помират со наметнатата ситуација и да капитулираат.

Сето тоа, секако, нема да се случи бидејќи е во прашање голем влог-опстанокот на Македонија како држава. Потоа западните сили ќе се впуштат со нивното омилено средство за притисок – воведување на санкции за непослушните политичари. Притоа западните штитеници од СДСМ со Албанците на овој или оној начин ќе формираат своја Влада, која ќе биде признаена на Запад, но ВМРО нема да има даде пристап до вистинската власт.

На крајот застапниците на Тиранската платформа ќе бидат принудени да креираат паралелна власт, а тоа неминовно ќе води во понатамошни немири чиј резултат ќе зависи пред се од тоа кој колкава поддршка ќе има од народот и кој ќе биде поагилен во издржувањето на новонастанатите околности, заклучува „Стандард“ во анализата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top