| четврток, 6 декември 2018 |

Загина гостиварец откако со „бмв“ падна во провалија

Гостиварец загина откако со автомобил „бмв“ падна во провалија длабока околу 100 метри во близина на гостиварското село Куново.

Во незгодата што се случи во недела вечер, со тешки телесни повреди (ампутирана рака) се здобил Л.Д. (32) од Гостивар, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во МЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на 01.05.2017 година. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top