ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на трудот – 1 мај.
Во продолжение следува интегрален текст од честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува посветено на зголемување на работничките права, отворањето на нови работни места, зголемувањето на платите, подобрата здравствена и социјална заштита и повисокиот стандард на работниците.
ВМРО-ДПМНЕ превзема мерки за полесно вработување на сите категории на граѓани и обезбедување на нивна социјална сигурност, пред се на младите, лицата од социјален ризик, самохраните родители, лицата со хендикеп, невработените лица во поодмината возраст итн. Тоа го правиме преку директна поддршка со кредитирање или бенефиции за нивно вработување.
Во изминатите години посветено работевме на заштитата на работничките права, воведен е концептот на бруто плата, со што се овозможува интегрирана исплата на плати и придонеси од задолжително социјално осигурување.
Со помош на овие политиките на ВМРО-ДПМНЕ континуирано се намалува невработеноста која од рекордните највисоки 39% во 2006-та сега е на рекордно ниски 23,7 %.
За првпат се донесе Закон за минимална плата, а истата во наредниот период континуирано ќе се зголемува.
Се зголемија платите и се воведе задолжителна исплата на регрес за годишен одмор, познат како К-15.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во подобрување на заштитата на работничките права, подобрување на социјалниот статус на работникот во Македонија и обезбедување на негов подобар стандард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво