| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа мај: Еве кои хороскопски знаци ќе имаат незаборавен месец

ДЕВИЦА
Работа: Меркур, водачот на Девица, во месец мај ќе биде лоциран во куќата на кариерата. Тоа ќе донесе дополнителна амбиција и желба за истакнување. Претстои солидна финансиска заработка.
Здравје: Избегнувајте кревање на тешки предмети и стресни ситуации. Внимавајте на сезонските настинки и вирози.
Љубов: Месец мај, планетата Јупитер ќе се погрижи за вашите романтични моменти, а и во дадени ситуации ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор. Не двоумете се многу, прифаќајте ги понудите за состанок од личностите кои ви се допааѓаат.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Првите две недели од месец мај ќе ви бидат активни на професионално поле, благодарение на Сонцето, кое ќе биде лоцирано во Стрелец во куќата на работата. Планетата Меркур исто така добро ќе се покаже. Таа ќе биде во многу јака позиција која ветува успех. Од финансиски аспект, мај ќе биде солиден.
Здравје: Внесувајте повеќе витамини за да го подобрите имунолошкиот статус. Секое слободно време користете го за рекреација, која ќе ви даде дополнителна енергија.
Љубов: Планетата Венера ќе премине во куќата на љубовта и еротиката, што значи дека мај ќе биде многу сензуален месец и полн со атрактивни понуди. Венера е водач на љубовта, задоволствата и среќата. Исто така, ќе ви помогне да ја подобрите комникацијата со партнерот. За оние кои не се во врска, овој месец ќе им донесе голем сплет на околности и пресврти. Очекувајте чуда!

РИБИ
Работа: Прилично активен период, исполнет со состаноци и голем број патувања. Првата недела од мај ќе биде поволна за пишување, калкулирање, преговарање и држење говори. Ова е добар месец за инвестирање во недвижности.
Здравје: Бидете внимателни со сезонските настинки, посебно во првата половина од месецот. Негрижата може да резултира со посериозни здравствени проблеми.
Љубов: Мај ќе биде стабилен месец во кој ќе ја сакате удобноста и сигурноста. Доколку сте во ситуација да бирате партнер, овој месец ќе имате можност да го направите вистинскиот избор. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве оттргне од секојдневните проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top