Припадници на полицијата убија 49-годишен маж, кој претходно застрела седум лица, покрај базен на станбен комплекс во Сан Диего, Калифорнија, пренесоа американските медиуми.
Полицискиот началник на Сан Диего соопшти на прес-конференција дека полицијата добила информација за маж кој пука кон луѓе. Хеликоптер на полициската управува пристигнал на местото. Тројца полицајци пукале во напаѓачот и го убиле, откако тој го насочил своето оружје против нив.
Четири црни жени, еден црн маж и еден хиспаник маж биле однесени во болница, каде што една од жените починала, пренесува БТА.
Идентитетот на напаѓачот е утврден, но засега не се знае ништо за неговите мотиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст