| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид со првиот годинашен чартер лет од Амстердам ќе се отвори летната сезона

Со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам со авиокомпанијата Корендон утре на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одбележи отворањето на летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар.

Според најавите од ТАВ Македонија, холандските туристи ќе ги пречекаат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top