Од почетоците на човештвото, луѓето ја знаеле тајната мудрост на броевите, позната како нумерологија. Една гранка од оваа древна метода е бројот на животниот пат кој го има секое живо суштество. Прочитајте кој е вашиот број и што тој значи во вашиот живот. Од романса до кариера, па сѐ до вашата среќа, броевите можат да го откријат патот на вашата судбина.
Животен број 1: Родени на 1-ви, 5-ти, 9-ти, 13-ти, 17-ти, 21-ви, 25-ти или 29-ти
Земјата ротира со одреден ритам и секои четири дена различни ѕвезди владеат со енергијата на планетата. Ако вашиот животен број е 1, вие сте луѓе кои се стремат, кои сонуваат, но исто така сте и лидери. Вие сте екстроверти и дарежливи. Истовремено, треба да научите како да си верувате. Многу од луѓето со овој број не ја исполнуваат својата судбина поради сомнежи во своите способности.
Внимателно одберете го вашиот животен партнер. Вистинскиот избор може да ги зацврсти вашите цели за кариера и вашите обиди да го направите светот подобро место за живеење. Ако одберете некој кој е арогантен, или кој сака да ве контролира, можете да западните во вистински „мрак“.
Животен број 2: Родени на 2-ри, 6-ти, 10-ти, 14-ти, 18-ти, 22-ри, 26-ти или 30-ти
Луѓето со број 2 се мистериозни, полни со чуда и ги интересираат тајни. Многу уметници се со бројот 2 и многу луѓе кои бараат мудрост се родени со овој број. Важно е да ѕиркате во темнината без да дозволите да ве контролира, но не ја мешајте со зло. Како што има ден, така мора да има и ноќ. Вие се двоумите кога притисокот и моралот на општеството ви ја замаглуваат свеста.
Ако ова е вашиот број, барајте мудар учител и победете ја вашата срамежливост. Имате многу дарови кои можете да им ги дадете на луѓето. Најдете партнер со истиот број и ќе имате невидена љубов.
Животен број 3: Родени на 3-ти, 7-ми, 11-ти, 15-ти, 19-ти, 23-ти, 27-ми или 31-ви
Ако имате број 3, вие најверојатно сте логичари и многу сте интелигентни. Сепак, имајте на ум дека интелигенцијата и мудроста не се едното исто. Луѓето со овој број имаат потреба од пријателства кои ќе ги чуваат од тонење во нивните идеи. За жал, тие се премногу срамежливи. Обидете се да запознавате нови луѓе, има пријатели кои ќе ви помогнат да ја остварите вашата судбина.
Истовремено, вашиот интелектуален живот бара многу внимание. Треба да пронајдете рамнотежа помеѓу љубовта, пријателството и приватниот живот за навистина да чекорите по вашиот пат.
Животен број 4: родени на 4-ти, 8-ми, 12-ти, 16-ти, 20-ти, 24-ти или 28-ми
Овој број им припаѓа на луѓето родени под ѕвездите кои владеат со физичкото. Имате прекрасен ум за механика, за системи и работи што можете да ги допрете и да ги држите. Луѓето со овој број се одлични инженери, научници и архитекти.
Вие треба да се потрудите околу вашиот љубовен живот. Емоциите на другите за вас немаат многу смила. Сепак, треба да најдете љубов во вашиот живот за да ја исполните вашата судбина и ќе донесете прекрасни работи на овој свет.
Kafepauza.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст