| четврток, 6 декември 2018 |

Зенит Казан третпат по ред европски првак во одбојка

Zenit-Kazan

Трета година по ред екипата на Зенит Казан од Русија е европски првак во одбојка во машка конкуренција, со што ја потврдува доминацијата на стариот континент. Во финалето кое се играше во „Пала лотоматика“ во Рим, Зенит Казан го декласира италијанскиот шампион Перуџа со 3-0 (25-15, 25-23, 25-14). Со оваа титула Зенит стигна до пет европски круни, а на вечната листа недостижна е ЦСКА Москва со 13 европски титули.

Во едно од најубедливите финалиња во историјата, рускиот првак му одржа лекција на екипата која ја бодреа преку 8.000 луѓе. Ако минатата година против Трентино, Зенит Казан мораше да игра пет сета и да се враќа од 0-2, годинава како на тренинг најдобрата европска екипа го збриша својот опонент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top