По внимателно координираните настаните од четвртокот вечерта, американски и европски дипломати веднаш го поздравија изборот на Талат Џафери, етнички Албанец и поранешен член на УЧК кој што беше номиниран на 27 март од страна на левичарската партија СДСМ за претседател на парламентот – првиот чекор потребен за да се формира влада која ќе биде слаба во најдобар случај. Апсурдната постапка се случи во посебна просторија со гласање, без писмена евиденција и имаше и пеење на националната химна на Албанија.
Според локалниот закон, претседателот на парламентот станува национален претседател во случај претседателот да е отсранет од функција или убиен. Постои можност дека СДСМ ќе се обиде да бара отповикување на претседателот Иванов за да се случи тоа. Претседателот ги контролира вооружените сили и надворешната разузнавачка служба.
Повеќе локални извори присутни за време на настанот се сомневаат дека и тајмингот и провокативни дејства на СДСМ и на албански пратеници се осмислени за да се предизвика насилен одговор што ќе ги направи да изгледаат како жртви. Тактиката, по примерот на многу помал сличен настан во декември 2012 година, функционираше.
За Бејли, одржливиот македонски пацифизам беше голема иритација. 60 дневните собири на „За заедничка Македонија“ беа целосно мирни, за разлика од минатогодишната „Шарена револуција“ составена од активисти на СДСМ и поддржана и финансирана од УСАИД . Но, овогодинешните протестанти долго време се закануваа дека ќе влезат во парламентот, ако опозицијата се обиде да избере спикер без да се откаже од Тиранската платформа (постизборен сет на максималистички етнички барања подготвени во канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама). Тоа предупредување создаде одлична можност за Бејли и неговите пријатели да креаираат сценарио што ќе гарантира насилен исход- и на тој начин да се дискредитира автентичниот и мирен јавен протест. Сепак, останува нејасно кој извршил какво насилство, бидејќи партиските ривали и медиумите презентираат различни сценарија и докази.
Но, повеќето меѓународните медиуми, кои во голема мера ги игнорираа мирните протести што се одржуваа во текот на овие два месеци, го поддржаа описот на настаните од страна на СДСМ. И сите западните сили го осудија насилството, навестувајќи дека тоа е удар врз демократските процедури и сугерирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е виновникот. Во прилог на тактиката за управување со перцепцијата, немилиот настан помогна да се одврати вниманието ос активностите на Амбасадата на САД и на амбасадорот Бејли пред, за време и по драмата.
Кој ја овластил одлуката на Бејли?
Без официјален одговор од Амбасадата, невозможно е да се знае кој му наложил на Бејли да дејствува како што дејствуваше и за неговите постапки во врска со процесот на признавање на Џафери. Немаше голема итност за избор на спикер, како што земјата остана мирна, а преговорите беа во тек додека процедуралните опструкции продолжуваа. Но, поради некоја причина, Бејли беше решен да добие резултат.
Balkanalysis.com го информираше персоналот за комуникации на амбасадата во писмена форма дека ако нема одговор од нивна страна ќе мора да се претпостави дека Бејли го направил изборот за признавањето по неговата сопствена волја. До денес не е поинаку наведено.
Мистериозната најава за посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД Хојт Ји
Една можна причина за постапките на Бејли беше претстојната посета на Хојт Ји што ја најави американската амбасада во 10:51 часот наутро на „Твитер“ на 26 април. Тоа беше денот непосредно пред парламентарната одлука и, според мислењето на македонски експерти за протокол, крајно необично со оглед на тоа што обично таквите посети се најавуваат доста однапред.
Во објавата на „Твитер“, Амбасадата соопшти дека Хојт Ји ќе допатува во Македонија на 1 мај за да разговара со политичките лидери за формирање на влада, билатералните односи и реформи. Тоа значи дека од тој датум, некое сценарио веќе било спремно. Сепак, македонските власти или беа премногу неспособни или премногу срамежливи за да го разгледаат тоа сериозно. Покрај отстапувањето од протоколот, најавената посета на Ји е особено мистериозна. Во тоа време во Скопје, немаше големо очекување дека владата ќе биде формирана наскоро поради тековните процедурални опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, иако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се закани дека наскоро ќе номинира спикер. Според тоа, немаше причина да се очекува дека одеднаш на 1 мај македонските партии ќе разговараат за формирање на влада со американскиот бирократ.
На овој начин написот на амбасадата на „Твитер“ помага да се потврди сомневањето дека амбасадорот Бејли претходно испланирал настанот во парламентот да се случи токму навреме за неговиот претпоставен да дојде и да ја оправда неговата одлука. Сепак, бидејќи Амбасадата на САД одбива да одговори кој и кога го овластил претстојното патување на Ји во Македонија, останува нејасно дали го испратил висок државник – или дали Бејли самиот го поканил бирократот да дојде и да обезбеди политичка поддршка за контроверзната одлука. Ако никој повисок од самиот Ји не ја овластил неговата посета, тогаш тој во суштина доаѓа како турист и неговите политички ставови се само мислења.
Криза на кадарот на Стејт департментот и проблемот на Бејли со паѓањето во сопствената стапица
Една од главните критики на надворешната политика на Трамп управа е невообичаеното бавно темпо со кое се пополнуваат државните позиции, со голем број на слободни работни места. Тоа, наводно, делумно се должи на желбата на новиот државен секретар Тилерсон да го преструктурира Департментот, а можеби и ќе го спои УСАИД во него. Како што вели старата поговорка, глувците ќе играат кога мачката е далеку: сегашните контроверзни активности на амбасадорот на САД во Македонија може едноставно се одраз на недостаток на надзор. Со толку многу слободни работни места (да не зборуваме за многу поголеми проблеми како што се Русија, Сирија и Северна Кореја), разбирливо е дека високите американски лидери немаат време да ги регулираат дипломатските активности во мали земји како што е Македонија. Но, тие барем треба да бидат информирани за нив однапред. Интересно е тоа што списокот на сегашни државни функционери во Бирото за европски и евроазиски прашања што се над Ји е многу краток. Амбасадорот Бејли е подреден на овие лица и затоа мора да ги следи нивните политички инструкции. Под администрацијата на Обама, тоа не беше проблем, бидејќи администрацијата предводена од демократите имаше отворено про-левичарска ориентација. Ситуацијата во моментов е повеќе збунувачка поради новата републиканска администрација што се’ уште не стои на цврсти нозе. Проблемот на Бејли, доколку тој се обиде да го оправда неговото овластување да постапува во четвртокот ноќта со упатство од таа листа, е дека ако тој наведе некое име, ќе си предизвика себеси многу поголем скандал со што ќе заврши неговата кариера. За жал, Бејли избра да се фати себеси во лага во врска со својата интеракција со претпоставените што автоматски би го делегитимирало целиот негов мандат како амбасадор. Така, тој веројатно ќе го избегнува прашањето од страв за сопствената кариера.