Планинарскиот спортски клуб „Бистра“ организира тридневен марш Чеплес – Водно во организација на еколошко-планинарското друштво Guardians of nature – I love hiking group Macedonia. Маршот ќе се одржи од 29 април до 1 мај, а неговата цел е проверка на подготвеност за долги планинарски тури
Со поминување на речиси 50 км (или 70 км доколку патот од Богомила до с. Папрадиште се помине пешки), овој марш спаѓа во средно тешки акции
Маршот е одлична можност за проверка на силите пред трансверзалите што следат и турите на Алпи, како и добар тренинг за сите останати добри трекинг патешествија кои ни претстојат.
Сите потребни информации можете да ги најдете на страната на Фејсбук.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО е пријавување и плаќање за сместувањето во двата дома.
Пријавувањето трае додека не се пополнат местата. Бројот на учесници е OГРАНИЧЕН НА 30.
Пријавување и информации кај:
Алекс (070-382 751)
Дејан ( 071-212 808)
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст