| четврток, 6 декември 2018 |

Кланот Харадинај нуди милиони за главата на Вучиќ: Српските служби откриле дека подготвуваат страшна освета!

Мафијашкиот клан на Рамуш Харадинај ја уцени галавата на српскиот Претседател Александар Вучиќ. На најопасните криминалци во Албанија, Косово и во Западна Европа ветени им се милиони евра за неговото убиство! 

Српските тајни служби пресретнале во изминативе неколку месеци повеќе разговори на опасни албански мафијаши кои зборувале за убиство на Вучиќ како можност за милионска заработка!?!

Крлиминалците меѓусебно разговарале за тоа дека семејството Харадинај сигурно ќе му исплати милиони на оној што „ќе го скине“ Вучиќ, па дури била споменувана и исплата во Швајцарија!?!

-Податоците од теренот укажуваат на тоа дека парите се подготвени. Семејството Харадинај преку мафијашките канали расгласиле понуда не само на Косово туку и во подземјето на цела Европа. Токму една таква комуникација е пресретната. Станува збор за сериозни криминалци со силни контакти. На тие луѓе не им претставува никаков проблем да изнајмат врвни професионални убијци…,пренесува еден соговорник за српските медиуми, кој поради интересот на истрагата не мошел да открие повеќе детали.

И додека никој во Владата на Србија не сака да ги коментира овие сознанија, поранешниот оперативец ДБ Божо Спасиќ предупредува на фактот дека семејството Харадинај се водечка мафијашка структура на Косово.

-Не е исклучено да нудат награда за главата на Вучиќ како освета за сето ова што се случи. Кланот Харадинај, како што се проценува, тежи околу милијарда евра и нив не им претставува никаков проблем да ги платат најдобрите професионални убијци, ниту пак да набават специјални сретства и оружје. Овие сознанија мора внимателно да се проверат и детално да се истражат, заклучува Спасиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top