| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ние сме на страната на сиот албански народ коj сака да живее во нашата земја, а не во некоја друга

Nikola-Gruevski-int105-1_201491792125-640x402

Албанскиот народ, сиот народ што сака да живее во границите на оваа држава, а не во друга, ние сме на негова страна. Ние се бориме да не дојде до реализација на некои радикални структури кои што и на нив ќе им го растурат животот, вели Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.

– Граѓаните имаат свои секојдневни проблеми, a ние правевме се што е во наша моќ да ги решиме, многу од нив и многу решивме. Не постои влада во историјата на Македонија за што за таков период решила толку многу проблеми на граѓаните и инфраструктурни и комунални и отворање на нови работни места и носење на стотици инвестироти кои носеа нови работни места. И решавање на социјални проблеми, зголемување на социјална помош, зголемување од 70 проценти на пензиите, зголемување на платите во администрацијата, но невозможно е се да се реши истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top