Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов му го честита изборот на Илир Мета, за претседател на Република Албанија, и му посака успех во извршувањето на функцијата.
– Би сакал да го искажам моето уверување дека со заеднички заложби и посветеност ќе продолжиме да ги градиме добрососедските односи, да ги јакнеме односите на пријателство врз основа на взаемно почитување, меѓусебна доверба и поддршка. Верувам дека ќе работиме и на развивање и продлабочување на соработката во интерес на нашите земји и народи, и во интерес на просперитетот и благосостојбата на нашиот регион, се вели во писмената честитка на Иванов.
Бидете уверени во мојата целосна подготвеност на тој план и најискрените желби за натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, се наведува во честитката до Мета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево