| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Дел од нашите пратеници имаа чувство дека желбата беше да се испровоцира конфликт

ilija

Неколку пратеници од нас јавно од говорница упатуваа не апел, молба да не се влезе во дополнителна поделба на граѓаните во Република Македонија и онака сме многу поделени по партиска, по политичка, по идеолошка основа, кажа Илија Димовски во гостување на ТВ Нова.

– Ние, во вчерашниот ден имавме претчуство дека СДСМ е некако решен во тој правец, со оглед на настапите на господинот Заев во Собрание и со оглед на прес конференциите кои ги имаше. Неколку пратеници од нас јавно од говорница упатуваа не апел, молба да не се влезе во дополнителна  поделба на граѓаните во Република Македонија и онака сме многу поделени по партиска, по политичка, по идеолошка основа. Немаше никаква потреба да се настапи на овој начин затоа што овој начин создава само проблеми, не решава проблеми, овој начин не е аирлија, не е добар начин, изјави Димовски.

Тој се заблагодари на пратениците кои останаа мирни, стабилни, достојни на задачата и не дозволија да се случи таков тип на конфликт, не знаејќи дека подоцна ситуацијата ќе се развива во ваков апсолутно непосакуван правец

– Очигледно нашите молби не вродија со плод, очигледно беше ова дел на некакво сценарио. Многу дилеми, многу прашања, зошто токму во 18 саат, а не во 14 саатот, зошто така, зошто внатре во сала имаше пеење и на албанската химна. Претходно кај некој од нашите пратеници има чувство дека желбата беше да се испровоцира и конфликт помеѓу пратениците. Јас сакам да се заблагодарам на сите пратеници кои што останаа стабилни, мирни, достојни на задачата и не дозволија да се случи таков тип на конфликт, не знаејќи дека подоцна ситуацијата ќе се развива во ваков апсолутно непосакуван правец, изјави Димовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top