Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија останува отворен за дијалог и барање решение за надминување на оваа состојба преку почитување на правниот поредок на Република Македонија.
Претходно планираните обврски од агендата на Претседателот Иванов се откажани, поради новонастанатата состојба, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево