| четврток, 6 декември 2018 |

Претседател на Собрание и нова влада, но без политичко насилство и измама

Во Македонија треба да има и нов претседател на Собранието и нова влада, но и едното и другото треба да бидат со аирлија, со разбирање и со прифаќање, а не треба да бидат со политичко насилство како што го видовме вчера и со политичка измама како што го гледаме изминатиов период, смета Илија Димовски, член на ВМРО ДПМНЕ.

Тој гостуваше на „Телевизија Нова“ и говореше за проблемот околу формирањето на мнозинство во парламентот што е апсолутно сериозен и има неколку аспекти.

– Првиот аспект е дека се темели врз база на некакви платформи кои не беа презентирани на граѓаните на изборите, второ е тоа што губитникот на изборите блефира дека победил на изборите, трето дека мнозинството од македонските граѓани за прв пат во историјата на Македонија ќе бидат оставени во опозиција, односно гласачите ќе бидат исклучени и нема да бидат вклучени во носењето на клучните одлуки за Македонија, потенцираше Димовски.

Според Димовски, колегите од СДСМ се обиделе во изминатите денови да ги доведат во ситуација во која ги обвинуваат дека се албанофоби, што е апсолутно неточно.

– Ние низ дискусиите можевме да наброиме огромен број на проектите кои што ги имаме направено за Албанците, успеавме да потенцираме дека нема никаква основа ВМРО-ДПМНЕ да се обвинува за таква политика – рече Димовски.

-Повторно ќе потенцирам дека одговорноста ја носат политичарите и било какви тенденции во иднина што би значеле едностранен концепт на терање на работите нема ништо добро да донесат за Република Македонија. Ние политичарите, ова го говорам за изминатите 25 години иако јас многу помал дел сум на таа сцена сме носеле многу решенија кој што требало да имаат лидерство, или решенија кои што не биле прифатливи за граѓаните или за дел од тие граѓани, но некако дојдовме до моментот кога граѓаните не го дозволуваат тоа, свеста е на многу повисоко ниво, разликоста во медиумите, социјалните мрежи се на повисоко ниво и луѓето многу лесно доаѓаат до информации и не сависи од никога дали ќе добијат информација и сега во таква ситуација се правиме при очи слепи и при уши глуви и да тераме по секоја цена она што сме го зацртале мислам дека е неодговорно и провокативно за жал – смета Димовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top