| четврток, 6 декември 2018 |

Хојт Ји и Првомајското мени во Македонија

По информациите објавени на локалните медиуми од Јунајтед Дип Стејт, наследникот на мадам Фак И-Ју, олицетворениоето на американската добра волја Хојт Брајан Ји, овој Први мај ќе го мине ударнички со главните ликови на американското реално шоу во Македонија. Ји, според информациите, многу сакал да ги види неговите фаворити Зоран Заев од Муртино каунти и Зијадин Сеља од Ливада каунти.

Неофицијално, извори од Дип Стејт велат дека Ји за оваа прилика за нив двајцата ќе донесе нов рецепт за сендвичи на скара. Всушност, рецептот и не е толку нов, колку што Ји има специјален зачин кој што го користи врз рецептот наследен од неговата спонзорка, Викторија Фак И-Ју, чии што сендвичи ги дегустираше украинскиот народ.

Од друга страна, Зајев и Сељо веќе започнале длабоки подготовки за пречек на Ји. Првичниот план бил тоа да биде некаде неофицијално, надвор од Парламентот. Идејата била тоа да биде во близина, можеби Жена Парк, на страна од вмровците, кои и така воделе со гласовите од телевоутингот. Сеља веднаш фатил да кове платформа, а Заев да избира ајвар со добар рок. За тоа ги информирале и своите партнери од реалното шоу. Меѓу нив требало да си изберат еден што ќе биде спикер и ќе кажува кој кога ќе му приоѓа да се поздрави со американскиот не толку висок гостин.

Но, со оваа идеја не се сложиле сите, имало и такви кои сметале дека не е фер, а уште помалку паметно да не бидат викнати и другите, што уште повеќе би го кренал рејтоингот на вмровците- па почнале предомислувањата: па нели Први мај е за сите, па зошто воопшто био се излегувало надвор, кога секој Први Мај и така врне, па не би било убаво така накиснати да чекаат гости..и ништо од планот!

Дип Стејт сепак открива дека Ји посакувал да оди на првомајска скара на Водно. Оваа година Водно се прослави со резервациите, се било резервирано однапред, па ниту за итни резервации со врски не се добива место. Токму затоа, Водно станува најхит ресторан во политичкиот џет-сет. Но, Водно годинава е резервирано само да ги храни душите на македонските граѓани; и секојдневно, а особено за празници.

Злобниците сепак велат дека оваа празнична посета на Ји повеќе размислувал за матинето на Скопското Кале, отколку за скарата со Зијо и Зоќи. Ји имал полна торба предлози како Дип Стејт преку американскиот фаст- фуд на Кале и натаму да го меша македонскиот ајвар, а за тоа да не дознае конкуренцијата. Меѓу другото, иако не е грејна сезона, Ји размислувал Кале да понуди и гратис сауна за своите верни гости, а наместо дрва, за потпалување еколошки да се рециклираат документи од последните три години.

Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top