| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид на четири меча од светскиот рекорд на Баерн Минхен

real madrid

Екипата на Реал Мадрид не знае за доста, кога се работи за рекордите во Шпанија. Фудбалерите предводени од Зинедин Зидан постигнале барем еден погодок на 57 последователни натпревари, што е нов национален рекорд, анулирајќи го оној претходниот на Барса (44) од 1942-1944 година.

Сега, „кралевите“ се насочени на светскиот рекорд, кој стои зад името на германскиот гигант Баерн Минхен. Баварците запишаа 61 последователен натпревар на кој барем еднаш ја затресоа противничката мрежа, а истиот беше постигнат во период од 2012 до 2014 година. Тогаш на чело на германската екипа стоеше најпрво Јуп Хејнкес, па потоа достигнувањето да продолжи под водство на Пеп Гвардиола.

Голгетерската серија е проследена со учество на 21 играч и тоа: Кристијано Роналдо (33 гола), Мората (18), Бензема (18), Рамос (11), Иско (10), Џејмс Родригез (10), Бејл (10), Асенсио (9), Касемиро (5), Маријано (5), Лукас Васкез (4), Варан (4), Ковачиќ (2), Марсело (2), Пепе (2), Начо (2), Тони Крос (2), Карвахал (1), Модриќ (1), Данило (1) и Енцо Зидан (1).

Доколку Реал успее да постигне барем еден гол против Валенсија, Атлетико Мадрид, Гранада и повторно на реваншот од полуфиналето на ЛШ против Атлетико, ќе го израмни рекордот на баварската екипа. Во текот на фантастичната серија, „кралскиот клуб“ постигнува по 2.7 гола по натпревар, а победил на 40 натпревари,одиграл 12 реми средби и загубил само четирипати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top