| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов очекува одговори на повикот за лидерска средба

ivanov

По вчерашната иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за свикување лидерска средба, кабинетот на претседателот оствари контакт со парламентарните партии. Дел од нив, побараа дополнително време за координација, по што кабинетот на претседателот ги очекува нивните одговори.

– Претседателот Иванов останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието – велат за МИА од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top