| четврток, 6 декември 2018 |

Бинали Јилдерим за „Би-Би-Си“: Одлуката на турскиот народ на референдум не може да ја смени ни еден суд!

Одлуката на турскиот народ, изразена на референдумот на 16 април, не може да биде сменета од ниту еден суд, изјави турскиот премиер Бинали Јилдерим во интервју за Би­ Би­Си, цитирано од турската телевизија НТВ. Тој во интервјуто истакна дека тоа дури и да не и се допаѓа на опозицијата, турскиот народ ја изразил својата волја на референдумот за уставна реформа и неговата одлука не може да се смени од ниту еден суд. То, меѓутоа, подвлече дека власта ќе вложи напори да ги освои срцата и на оние кои на референдумот гласаа со „не“. За критиките дека Турција влегува во диктатура Јилдерим одоговори: „Таму каде има диктатура, дали 50 милиони луѓе ќе излезат пред гласачките кутии?“.сд/ссм/10:26

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top