| четврток, 6 декември 2018 |

Се слушна истрел во Собранието, во моментов влегува полиција

04

Во моментов влегува полиција во собранискиот прес-центар, каде што група луѓе ги држат пратениците на СДСМ набиени во аголот, викаат, пцујат и пеат песни, пишува МКД.МК

Кај прес-центарот е дојдена и медицинска екипа, но чека да биде пуштена да им даде помош на повредените.

Има информации и дека се очекува друга група специјалци што треба да влезат и да ги извадат Зоран Заев и другите повредени пратеници.

 

Фото: Радио слободна Европа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top