Обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев извадило огнено оружје при немирите во Собранието кои следуваа денеска по изборот на Талат Џафери за собраниски спикер, објави порталот Журнал повикувајќи се на информации од очевидци во Собранието.
-Според информациите од терен, откако демонстрантите ја виделе ваквата ситуација, тргнале во пожестока пресметка и предизвикаа уште поголеми инциденти. По влегувањето на граѓаните во македонското собрание, доцна попладнево, дојде до физичка пресметка меѓу демонстрантите и пратеници на СДСМ, објави Журнал.
Во Собранието освен пратениците се присутни и новинарски екипи.
извор: журнал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.