| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Во Собранието се обидуваат да ја изиграат демократијата, да го скршат Деловникот и Уставот

Во Собранието се  обидуваат и денеска пожестоко од претходните пати да ја изиграат демократијата, да го скршат Деловникот и Уставот, но овој Претседателот ќе остане последниот бедем кој нема да биде скршен, бидејќи ќе не има нас, порача на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ еден од членовите на иницијативата, Богдан Илиевски.

– Никакви странски емисари, никакви притисоци од надвор нема да го скршат. Тука сме ние заедно да ја формираме црвено-жолтата линија која нема да поминат, изјави Илиевски.

Тој му порача на Иванов да остане силен бидејќи, како што вели, важни денови се пред нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top