| четврток, 6 декември 2018 |

Отфрлена иницијативата за распишување референдум во Валандово

Советот на општина Валандово со седум гласа „за“ и осум гласа „воздржани“ ја отфрли иницијативата за распишување на референдумот за работа на рудникот „Казандол“, информираат од иницијативата за „Спас на Валандово“.

Тие ја покренаа иницијативата пред неколку дена откако граѓани во Гевгелија се побунија против изградбата на рудници за злато во нивната околина, по што гевгелискиот Совет распиша референдум кој беше успешен.

Валандовци најавуваат дека ќе ја продолжат борбата со собирање потписи. Условот е да соберат минимум 20 отсто од вкупниот број гласачи за да се распише референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top