| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнал на Хималаите каде 47 дена го јаделе црви и инсекти, а живеел само на вода и сол

Момчето било пронајдено во кањон на висина од околу 2.600 метри во близина на местото Типлинг во непалската покраина Дхадинг.

21-годишниот Лианг Шенг Јуеј, студент од Тајван, бил пронајден жив на Хималаите по 47 дена потрага по него и неговата девојка, кои исчезнале на планината.

Момчето било пронајдено во кањонот на висина од околу 2.600 метри во близина на местото Типлинг, во непалската покраина Дхадинг. Мртвото тело на неговата девојка се наоѓало во близина. Лианг моментално е на лекување во болница во Катманду и според зборовите на тамошните лекари, успешно заздравува.

h-630x433

-Изгубил дури 20 килограми за 7 седмици. Организмот му страдал, но не значајно. Има многу рани од црви и инсекти, но ќе биде во ред. По малку почна и да зборува. Кажа дека неговата девојка починала три дена пред да бидат пронајдени, открила докторката Санјаја Карки за BBC.

Во текот на 47 дена живеел во главно на сол и вода.

Лианг и Лиу Лиу биле студенти на Тајванскиот национален универзитет Донг Хва. Во Непал пристигнале од Индија уште во февруари, а последен пат биле видени на 9. март во северен Дхадинг, каде се одлучиле на пешачење и покрај големите врнежи на снег.

Веб страната Missingtrekker известила за деталите од неговото патување и исчезнување. Наводно во еден момент го изгубиле багажот, а се расправало и за тривијални прашања како нивните објави на Фејсбук.

Неговата девојка, наводно, во еден момент од патувањето напишала статус: “Би сакала никогаш да не завршев тука”.
Семејствата на младиот пар се загрижиле во моментот кога Лианг и Лиу Лиу не се јавиле дома на договорениот датум, на 10. март.

Пет дена подоцна нивните родители побарале официјална помош за нивно пронаоѓање.

Непалската полиција веднаш ангажирала три водичи и хеликоптер за да ги бараат студентите за кои се верувало дека патуваат во селото Лангтанг, на договорена средба со пријатели од Тајван.

И хималајските туристички водичи биле известени за нивното исчезнување, но врнежите од снег ја отежнувале потрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top