Претседавачот Трајко Вељаноски истакна дека не може да го прекрши Деловникот и оти доколку го прифати барањето на Оливер Спасовски за преминување на четвртата точка, односно избор на нов собраниски спикер, тоа ќе биде кршење на Деловникот.
– Да се откажете од дебата на третата точка и да преминеме на четвртата се оди спротивно на Деловникот и демократската практика да се дебатира за некоја точка. Она што можам е да ги замолам пратениците да се откажат од реплики и збор за да можеме да преминеме на следната точка. Но, не може некој да ме натера да го кршам Деловникот. Девет години го применувам и многу добро го знам -одговори Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.