| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте, фалсификувани пари кружат во Македонија

53-годишниот С.Н. од Скопје и 59-годишниот И.И. од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, во Скопје во оптек пуштиле фалсификувана банкнота од 1000 денари. Полицијата денеска информира дека С.Н. му ја предал банкнотата од 1000 денари на И.И., кој, пак, се упатил во Народна банка каде што сакал да ја замени.

Тука било утврдено дека банкнотата е фалсификат, по што од овластени лица била одземена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top