| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Кон средината на мај нов саем за вработување

popovski-v-640x332
Понудата и побарувачката на работна сила повротно ќе се сретнат на едно место. Од 18 мај, Агенцијата за вработување почнува со организирање на саемите за вработување, каде компаниите ќе ја презентираат потребата од кадар кој им недостасува, додека невработените или оние кои сакаат да ја променат работата, ќе можат да се престават пред потенцијалните работодавачи. Првиот саем ќе се организира во Скопје, а потоа и низ другите градови, вели директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски за РСМ.

Најави и дека старнската компанија Дрекселмаер, која работи во Кавадарци и сака да го проширува производството, бара 400 кадри преку Агенцијата за вработување.

Поповски очекува дека со низата мерки и програми кои ќе спроведуваат прегу Агенцијата, до крајот на годината, значително ќе се намали невработеноста во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top