| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со генералниот секретар на владејачката австриска народна партија

ng

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка, Александар Николоски, оствари средба со генералниот секретар на владејачката австриска народна партија Вернер Амон и директорката за европски и надворешни работи на австриската народна партија, Моника Реинер.

На средбата стана збор за актуелната политичка состојба во државата, аспектите и начините за излез од неа, како и регионалните предизвици врзани со бегалската криза, и улогата на Македонија во нејзиното надминување, информираат од партијата.

Груевски посочи дека на Македонија ѝ е потребен брз излез од кризата, а единственото ефикасно и брзо решение е организирање предвремени парламентарни избори, заедно со редовните локални избори.

Тој посочи дека изборите се и решение за изборната измама која ја наметнува опозицијата, која со цел да дојде на власт по скоро одржаните избори прифати и одобри тиранска платформа, создадена во соседна држава, под покровителство на премиер од друга држава со многу спорни елементи за опстојувањето и задржувањето на унитарниот и граѓански карактер на Република Македонија.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во парламентот го користат максимумот од она што Деловникот и законот го дозволуваат и низ законска дебата со аргументи се спротивставува на прифатеното од страна на СДС, додаваат од партијата.

Во поглед на мигрантската криза Груевски посочи дека предизвикот останува и дека Македонија досега активно учествуваше во нејзино справување. За уште поголема ефикасност е потребна стабилна влада и излез од кризата, а изборите се најдоброто решение за тоа, посочи Груевски.

Тој додаде дека стратегиски приоритети на Македонија остануваат членството во ЕУ и во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top