По одлуката на судот во Колмар да го одбие српското барање за екстрадиција на Рамуш Харадинај, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово изјави дека ова е победа на Албанците и дека тој од денеска е слободен човек. Харадинај им се обрати на своите приврзаници пред судот кажувајќи дека оваа битка е добиена и им се заблагодари на поддршката. Одлуката на судот за ослободувањето на поранешниот косовски премиер во судницата беше дочекана со аплауз.
-Бидејќи сега сум слободен, одам во Стразбур да си го вратам пасошот. Се надевам дека денеска ќе се вратам во Косово. Изгубени се четири месеци, времето е драгоцено - рече Харадинај.
На веста за одлуката на францускиот суд да го одбие барањето на Србија, неговата сопруга Анита изјави дека правдата е бавна, но достижна.
-Победивме. Минавме непотребни и напорни процедури. Оваа ситуација нѐ исцрпи сите нас овде во Косово. Им благодарам на сите за поддршката што ни ја дадоа. Ова е потврда дека војната на ОВК беше оправдана- рече Анита Хардинај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.